Времето кога ја вклучувате машината за перење секогаш може да го искористите за извршување други задачи, но и за одмор. Сепак, може да се случи да заборавиме да ја извадиме мократа облека од машината за перење, што често доведува до тоа облеката да добие непријатен мирис.
Добро е да знаете колку долго мократа облека може да остане во машината за перење пред да одлучите да ја извадите и да ја ставите да се исуши. Имено, според експертите од Whirlpool Institute of Fabric Science, но и според Марта Стјуарт, можно е да се остави влажна облека во машината за перење од осум до 12 часа.
Меѓутоа, ако сакате вашата облека да биде што е можно посвежа, најдобро би било да ја извадите што е можно поскоро. Непријатниот мирис најчесто предизвикува машина за перење која не е исчистена долго време, па зависи и од тоа колку долго можете да ја чувате мократа облека во неа, пишува Klix.ba.
Исто така, типот на детергент или омекнувач што го користите може да предизвика непријатен мирис.
Важно е вашата облека да нема непријатен мирис, не само затоа што ќе ви пречи, туку и поради фактот што овој непријатен мирис е предизвикан од растот на бактерии и мувла.
Затоа, ако сакате да избегнете оставање мокра облека во машината за перење, најдобро е однапред да планирате кога ќе ја извадите облеката.