Откако минатата година купија огромна, луксузна палата на Беверли Хилс, славниот пар почна да бара нов дом.
Џенифер Лопез и Бен Афлек го поминаа викендот во потрага по нова куќа во Њујорк. Познатaта пејачка и актерот беа фатени како излегуваат од еден од имотите кои моментално се продаваат, а доколку одлучат да го купат тоа ќе биде вториот дом што го купиле заедно. Имено, минатата година тие издвоија 60 милиони долари за огромна палата во Беверли Хилс, по речиси две години потрага.Нивниот прв дом откако се венчале има 12 спални соби, 24 бањи, огромен базен и игралиште за кошарка.
Сега, наближувајќи се на втората годишнина од бракот, парот е во потрага по друг имот, а судејќи според расположението можеби веќе го пронашле. За потрагата по нова куќа, познатата пејачка и актерка избра многу лежерна комбинација, но и чевли во кои не секој би отишол на разгледување. Џенифер носеше ролка во комбинација со широки фармерки и црн капут, но и високи чизми на платформа кои не се идеални за долги прошетки, особено не горе-долу по скали. Сепак, Џенифер не се откажува од омилениот модел на обувки.
Иако на славната музичарка се чини дека се и оди според планот, таа неодамна доживеа прилично назадување со новиот албум „This Is Me… Now“. Џенифер вложи 20 милиони долари во новиот албум објавен во февруари оваа година, го објави краткиот филм „This Is Me… Now: A Love Story“ , го објави својот документарен филм „The Greatest Love Story Never Told“ и најавија голема турнеја, но успехот изгледа и покрај се изостана.
Нејзиниот деветти студиски албум е всушност продолжение на албумот од 2002 година „This Is Me… Then“, кој беше издаден кога таа првпат беше во врска со Бен Афлек, а се фокусира на втората шанса што ја дадоа својата љубов. Сепак, се чини дека нејзините сомнежи дали да издаде нов албум беа точни. Имено, во документарецот таа вели дека не била сигурна дали публиката воопшто сакала да го слушне нејзиниот нов албум, што го покажува и нејзиниот неуспех на Билборд. Набргу по објавувањето на албумот, тој стигна до број 38, но набрзо целосно исчезна од листата. Седум нејзини претходни албуми дебитираа во топ 10 на Билборд, додека „Brave“ дебитираше на 12-то место, со што новиот албум стана најлош.