Светската поп ѕвезда и актерка Џенифер Лопез донираше 4,5 милиони долари за оброци и медицинска помош за Палестинците.
Нејзината донација има за цел да одговори на итните потреби на оние кои се погодени од тековните конфликти и тешкотии во регионот.
Лопез средствата ги насочи кон организациите на терен кои обезбедуваат прва помош на сите погодени од војната во Појасот Газа, кој немилосрдно е бомбардиран од израелската армија. Донацијата ќе помогне да се обезбедат оброци за семејствата и поединците кои се соочуваат со недостиг на храна, како и за медицинските установи кои се борат да обезбедат соодветна здравствена заштита поради ограничените ресурси.
Џенифер ја изрази својата посветеност и поддршка за глобалните хуманитарни напори.
– Ситуацијата во Палестина длабоко ме трогна и се почувствував принудена да направам се што можам за да им помогнам на оние на кои им е очајно потребна помош. Обезбедувањето храна и медицинска помош е од суштинско значење и се надевам дека овој придонес ќе направи значителна разлика – изјави американската пејачка и актерка, а пренесуваат светските медиуми.
Сепак, многу луѓе овој нејзин гест не го гледаат како нејзин гест на добрина и хуманост што секој треба да го следи.
Како што веста се рашири на социјалните мрежи, многу луѓе, главно Американци кои го поддржуваат израелското бомбардирање на Палестина, ја осудија пејачката.
„Тие пари ќе одат за терористите на Хамас, а не за ранливото население“, „Зошто не им ги даде тие пари на Американците?!“, „Мислам дека тоа што таа го прави не е легитимно“, „Не ни се допаѓа, а уште помалку сега кога слушнав за нејзината донација“, се само дел од коментарите на луѓето од социјалната мрежа Икс.