Паралелното паркирање никогаш не било полесно: Со овој трик ќе ја научите оваа вештина за неколку секунди

popara23 јули, 20241min00
1673081838-audi-gecb8ee536_1920-750x500

Страничното паркирање е еден од најстресните делови во возењето за многу луѓе.

Но, постои едноставен трик кој може да ви го олесни животот доколку паркирањето на страна ви претставува проблем. За оние кои не сакаат паралелно паркирање, постои едноставен трик кој може да им го олесни животот.

Корисничката на TikTok, попозната како @master_driver666, им откри ефикасен метод на своите следбеници. „99 отсто од луѓето не знаат да паркираат странично“, напиша таа под видеото кое веднаш стана вирално.

Во видеото таа покажува како автомобилот се порамнува со вратата на друго возило. Кога ќе го најдете вистинското место, можете лесно да маневрирате и да паркирате блиску до тротоарот. Потоа порамнете го автомобилот за совршено паркирање, пренесува citymagazine.

@master_driver666

99% of people don’t know how to Side parking!#driving #skills #tips #knowledge #fpy

♬ 原聲 – Master driver – Master driver

Важно е да одвоите време за да ги проверите сите огледала. Со овој едноставен пристап, ќе можете да паркирате безбедно и без стрес. Видеото веќе доби повеќе од 700 лајкови.

И покрај големиот број на споделувања, не сите коментари беа позитивни. „Што ако има комбе таму?“, ја предизвикаа некои корисници.