Малку работи се толку ослободувачки: Ова се најдобрите нудистички плажи на светот

popara6 јуни, 20241min00
62572346-nudisticke-plaze

За сите оние кои сè уште мислат дека е најдобро да се биде гол во море, оваа листа е незаменлива. Иако можеби немате храброст да бидете сосема голи, сепак вреди да се обрне внимание, бидејќи никогаш не се знае кога патот може да ве одведе до една од најдобрите нудистички плажи во светот…

Сончањето на нудистичка плажа е едно од едноставните животни задоволства. Малку работи се толку ослободувачки како да ја соблечете сета облека и да бидете меѓу оние кои мислат дека облеката на плажа и во море е излишна.

Секако дека има место и време за тоа, а таквите плажи треба прво да се најдат. Некои места се поотворени од другите, а за да открие кои плажи ширум светот се најдобри за разголено сончање, компанијата за костими за капење Pour Moi направи истражување, вклучувајќи рецензии од нудисти кои се капеле таму.

На врвот на листата на Pour Moi беше паркот Haulover Beach во американската сојузна држава Флорида. Хауловер е добро познато место за нудистичко сончање, со повеќе од 600 метри плажа што е официјално назначено како место за натуристи од 1991 година. Исто така, таа е најдолгата и најпопуларна нудистичка плажа во цела САД.

Сребрениот медал го освои Праја де Тамбаба во Бразил, многу по „приватна“ плажа од паркот на плажата Хауловер, а трета беше Црвената плажа во грчкиот туристички центар Санторини.

Шпанија беше очигледно најдобра земја за голо сончање, со четири шпански плажи во топ 20и. Проверете ја целата листа која гарантира голо капење на овој линк.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag