Михаел Шумахер првпат во јавност по дури 10 години? Нови детали за плановите на семејството на познатиот возач

22 јануари, 20240
Михаел Шумахер

Живата легенда на Формула 1 Михаел Шумахер не е виден во јавноста од неговата несреќа во 2013 година, но тоа наскоро би можело да се промени.

Откако Формула 1 возачот Михаел Шумахер се здоби со повреда на главата на скијање во декември 2013 година, речиси ништо не се знае за неговата состојба, а јавноста само шпекулира за здравствената состојба на познатиот спортист.

Одвреме-навреме се слушаат некои информации, но неговото семејство на чело со сопругата Корина се труди ништо да не излезе на виделина, вклучувајќи ги и најновите фотографии на Шумахер.Така и во документарецот не дознавме ништо ново за него, а странските медиуми сега пренесуваат дека Шумахер наскоро би можел да присуствува на свадбата на својата ќерка.

Десет години по несреќата, весникот “Corriere della Sera” пишува дека на семејниот имот ќе се одржи венчавката на Џина Марија Шумахер (26) и нејзиниот вереник Јан Бетке (27), па на прославата се очекува да присуствува и нејзиниот славен татко.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gina Schumacher (@gina_schumacher)

Наводно, парот планира венчавка во луксузна вила, вредна речиси 31,5 милиони евра, на Мајорка.

Вилата веќе често ја користи Шумахер, а е прилагоден на неговото лекување и закрепнување откако семејството Шумахер ја купи од претседателот на ФК Реал Мадрид, Флорентино Перез во 2017 година.

Покрај прекрасната куќа, имотот од 15.000 метри квадратни има и два базени, хелиодром, теретана и огромна градина обложена со високи палми.

Откако Михаел Шумахер се повреди на крајот на 2013 година, откако падна и удри со глава во карпа додека скијаше на Алпите, неговото семејство прави се за да ја зачува неговата приватност. Успеале да спречат некоја негова тајно направена фотографија да стигне до медиумите, а германскиот магазин “Bunte”  пишува дека тоа нема да се промени дури и ако на свадбата на неговата ќерка дојде славниот Шуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi