Најдобрите земји за патување!

popara16 март, 20241min00
Screenshot_1

Многу е лесно да се најде изговор за да не патувате сами, како на пример, непознатото, осаменоста, непознавањето јазици… Сите овие грижи спречиле многу луѓе да го искусат соло патувањето, но можеби е време вие да го направите тој чекор. Ако ви е потребна мотивација сте дошле на вистинското место. Погледнете ја оваа „тура“ низ државите кои се најдобри за самостојните патници.

 

 

 

 

  1. Шкотска

Овде има многу млади луѓе и сите се пријателски настроени. Јавниот превоз е одличен и го олеснува движењето наоколу. Во Шкотска можете да најдете огромен број хостели.

 

  1. Словачка

Како и во Шкотска, и овде јавниот превоз е одличен и има толку многу работи за правење. Најпозната атракција за луѓето кои патуваат сами се Високите Татри – планински предел кој е полн со пријателски „скитачи“.

 

  1. Ирска

Ирска е полна со хотели што нудат само преспивање и појадок, па многу е лесно да се сместите удобно. Луѓето се познати по нивното гостопримството и обично се многу фини со патниците. Ирска исто така има многу фестивали, па постојано ќе имате што да правите.

 

  1. Шпанија

Во Шпанија има многу различни градови кои треба да ги посетите. Можеби ќе биде заморно доколку сте сами, но со добро испланиран распоред ќе си поминете незаборавно.

 

  1. Белгија

Белгија е одлична дестинација ако сте љубители на пивото. Но ако пиете премногу може само да си создадете проблеми. Подобро најдете неколку пријатели пред да се опуштите.

 

 

  1. Австрија

Ако не сте знаеле, овде можете да пливате во базен полн со пиво! Но имајте на ум дека посетителите зборуваат неколку различни јазици и веројатно ќе треба многу да пешачите. Но сепак, за пивото вреди сѐ!

 

  1. Австралија

Конечно излеговме од Европа. Тука најверојатно ќе сретнете многу луѓе со кои ќе се дружите, а исто така Австралија е и континент, па имате толку многу работи за правење.

 

  1. Германија

Храната во Германија е одлична, има пиво во изобилство, а јавниот превоз е совршен. Тешко е да се замисли дека едно патување може да биде подобро од ова.

 

  1. Финска

Можеби Финска никогаш не се наоѓала на вашата листа, но сега ќе ви биде тешко да ја заборавите. Топли сауни, неверојатна архитектура, кафулиња на отворено и прекрасни фестивали. Има ли нешто што не сакате?

 

  1. Холандија

Граѓаните ја сакаат природата, сакаат да возат велосипеди, а марихуаната и сексот се слават. Звучи како авантура која чека да се случи!

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma