
Актерката Хали Бери (57) не престанува да ги радува своите фанови со објави на социјалните мрежи. Таа често се фали со својата фигура на која би и позавиделе многу помлади девојки, а колку е горда на себе покажала и во последната објава која ја посвети на улогата во филмот „Жена мачка“ од 2004 година.
– Денеска се навршуваат 20 години откако ја имав честа да му дадам живот на овој иконски лик. Секогаш ќе ја чувам во моето срце и засекогаш ќе бидам Пејшнс Филипс, односно Жена Мачка – напишала Хали . Сепак, таа не пропушти да направи неколку разголени фотографии.
Така, Хали се соблекла до гаќичките, ставила маска на лицето и ги покрила градите со мачките кои ги држела во рацете. Таа така позираше пред плакарот, но и на креветот.
View this post on Instagram
Во објавата таа објасни и дека во својата градина нашла две, сега популарни мачки.
„Па госпоѓо Бери, какви 20 години? Изгледате феноменално“, „Убава сте“, „Вистинска жена мачка“, ѝ напишале воодушевените обожаватели под фотографиите.
Таа пред неколку недели објави и дека мачките со кои сега позира се викаат Бутс и Коко и дека ги нашла заедно со уште две мачиња и нивната мајка во својата градина.
– Ја стерилизирав нивната мајка и ја пуштив назад во мојата градина и сега е наша! Посвоив уште две бебиња што ги најдовме, а овие две малечки сега се нашите нови душички! Секогаш имаме полна куќа – напиша Хали.

Судејќи по социјалните мрежи, убавата актерка во последно време многу се забавува, а забавата не одбива да ја сподели со обожавателите, па неодамна објави серија фотографии на кои позира покрај базен во долг, бел фустан. На едната се гледа како го ниша фустанот и ги покажува своите тенки нозе. Меѓутоа, ’размачкањето’ на фотографијата шокираше многумина.
Некои признаа дека зумирале на фотографијата за подобро да ја видат. По деталната анализа на „спорната“ фотографија, некои следбеници заклучија дека актерката носи долна облека во боја на кожа.
View this post on Instagram