НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ СО ВОДАТА Експертите ја разбија заблудата дека 8 чаши вода може да го оптеретат срцето и да предизвикаат труење

popara5 април, 20241min00
Screenshot_4

Пиење 8 чаши на ден е едно од главните правила ако сакаме да биде доволно хидрирани. Сепак, една нова студија покажува дека ова правило не важи за сите и дека секој човек може многу лесно да утврди колку навистина му треба вода.

 

 

 

 

Треба ли навистина да се пијат 8 чаши вода на ден ? Тоа е прашањето со кое се занимаваат австралиските истражувачки научници од Институтот за медицина објавено во списанието „Зборник“ на Националната академија на науките. Истражувањата покажаа дека не постои лесен начин за да се утврди колку вода ви треба секојдневно за да сте хидрирани, а притоа треба да се слуша сопствениот организам.

 

Можеби на прв поглед звучи малку нејасно, но научниците за прв пат биле во можност да докажат дека човекот доколку ја изгаснал жедта многу тешко може да продолжи да голта дури и вода. Значи го слушате вашето грло. За прв пат научниците открија механизам со кој се регулира внесувањето на течности во телото и го спречува поединецот да пие премногу вода, тоа сведочи за фактот дека потребата за течност е поединечна.

 

 

Правилото осум чаши вода на ден не е неопходно слепо да се следи, бидејќи не постои научен доказ за оптимално количество на течност која е потребна на одреден организам, според научниците од Институтот за медицина на Австралија. Некои луѓе, додаваат тие, треба да внесуваат повеќе од 8 чаши вода на ден.

 

 

Коавторот на студијата Мајкл Фарел од Институтот за биомедицински откритија при австралискиот универзитет „Монаш“  и неговите колеги, од испитаниците барале да испијат големи количини на вода веднаш после вежбање, потоа кога биле многу жедни односно не чувствувале толку голема жед.

 

 

Во двата случаи, испитаниците морале да оценат до кој степен им е тешко да проголтаат вода. Во споредба со водата која ја испиле веднаш после вежбање, испитаниците одговориле дека им е три пати потешко да проголтаат вода покасно во текот на денот кога веќе не чуствувале толку голема жед.

 

 

 

А што се случува со телото доколку пиете премалку вода?

 

 

„За прв пат откривме дека на испитаниците голтањето им станува напорно откако продолжуваат да пијат, а се работи за вишок вода во организмот , што значи дека мора да имаат одреден вид на отпор. Нашите претпоставки се потврдија, рефлексот на готање се инхибира односно заклучува заради  главниот инхибиторен невротрансмитер во централниот нервен систем.  Ова се случило затоа што поединецот испил доволно количество вода“, објаснува Фарел.

 

 

Тој и неговите колеги  инсистирале да се мери активноста на мозокот со функционална магнетна резонанца пред конзумирање вода во двете погоре наведени околности.

 

 

 

Заклучиле  дека делови на десниот префронтален кортекс на мозокот покажуваат  поголема активност, додека учесниците во студијата со напор голтале вода.

 

 

„Важно е да бидете хидрирани и да го слушате телото. Тоа е подобро отколку да се држите до предвидениот распоред од 8 чаши вода на ден“, вели Фарел.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag