ЗОШТО НЕ ТРЕБА ДА ПИЕТЕ КАФЕ ПРЕД ДА СЕ КАЧИТЕ ВО АВИОН

5 април, 20240
Screenshot_3

Пиење кафе додека се чека лет на аеродром е редовен ритуал за голем број патници и ако се имаат предвид сите негови позитивни страни, ова е сосема разбирливо.

 

 

 

Но, можеби, треба да размислите двапати пред следниот пат да испиете кафе на аеродром, особено ако тоа е на празен стомак. Всушност, поголем број авиопревозници препорачуваат со кафето да се почека до слетувањето.

 

Пред сѐ, кафето го дехидрира телото, што може да предизвика мачнини и главоболки додека летате. А, бидејќи авионските кабини по правило се суви и студени, со кафето не им правите никаква услуга на кожата и на имунолошкиот систем.

 

Кафето има уште подрастични ефекти на поголеми височини и може да ве направи нервозен, а тоа има и благо диуретично својство.

 

На кафеинот му требаат пет-шест часа да се свари во организмот, па не е препорачливо кафе да се пие и неколку часа пред летот. Подобро држете се до шише вода додека не стигнете на вашата дестинација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi