Ново истражување: Дремката од половина час ја подобрува меморијата и го зголемува расположението

12 март, 20240
Screenshot_6

Нема ништо поубаво од спиење попладне, особено ако ве обзема замор после работен ден или малку „појак“ оброк. Иако многумина тонат во сон и прават добар маратон, попладневната дремка треба да трае 20-30 минути.

 

 

 

После долг сон се чувствуваме уморни и летаргични. Но, по идеалниот половина час ќе бидете полни со енергија, среќни и одморени. Денешната сабота е идеален ден за „дремка“.

 

Дремката може да го изостри фокусот и концентрацијата, а една студија од 2009 година покажа дека за испитаниците кои често дремеле, концентрацијата била исто толку силна во попладневните часови како и наутро, додека кај оние кои не дремнале, таа паднала ниско попладне.

 

Спиењето е клучно за способноста на мозокот да го обработи она што го научил. Дремката може да помогне новото знаење да се вкорени во мозокот и да ја подобри меморијата воопшто. Дремката од само 60 до 90 минути дневно може да помогне во учењето исто како и спиењето цела ноќ, покажа истражувањето.

 

Кратката пауза во текот на денот ни дава физичка сила и енергија, така што телото подобро се справува со стресните ситуации, особено ако генерално не спиете доволно.

 

Неодамнешните истражувања покажуваат дека спиењето во попладневните часови исто така го намалува стресот и го зајакнува имунолошкиот систем, особено кај оние кои не спијат доволно.

 

Затоа, спуштете ги ролетните и одморете се. Вашето тело ќе ви биде благодарно, а вие ќе се чувствувате подобро и попродуктивно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi