На посетителите на Умбрија, зеленото срце на Италија, пулсот им го забрзува прекрасната природа, но неодамна и пешачкиот мост што виси помеѓу Селано, средновековен град на околу еден час од Перуџа и Монтесанта, град од другата страна на реката Виги во долината Валнерина.
Адреналинската прошетка на 175 метри над клисурата трае околу половина час. Понте Тибетано не е за оние кои се плашат од височина, а за прошетката да помине без опасност, посетителите ќе бидат заштитени со кабли и сигурносни појаси.
Новата туристичка атракција долга 517 метри беше дизајнирана да привлече нови посетители во регионот и да го ревитализира туризмот во областа. Италијанскиот мост го помина тој што танцува во воздухот во Португалија. 516 Arouca, кој се наоѓа на еден час јужно од Порто, досега беше европски рекордер, пред да биде заменет со италијанскиот гигант.