Нов мурал на Бенкси во Лондон: Скриени пораки во зелената боја

20 март, 20240
New piece of street art, suspected by some to be by artist Banksy, appears in north London

Новиот мурал на британскиот уличен уметник Бенкси привлече толпа луѓе на улица во Лондон, долго пред неостварливиот уметник да потврди дека тоа е негово дело.

Новото дело го покрива ѕидот на четирикатната зграда во Финсбери Парк, Лондон, и прикажува мала фигура на човек кој држи црево за притисок зад голема цреша. Зелената боја е испрскана на ѕидот за да ги симболизира лисјата што ги нема.

Бански потврди дека е автор на овој мурал објавувајќи на Инстаграм фотографии од локацијата пред и по сликањето на ѕидот.

Новата градска атракција привлече толпа луѓе во паркот Финсбери, а многумина ја коментираа еколошката порака на уметникот во живописно зелено.

Интересно е што муралот „осамна“ во неделата, на ирскиот национален празник – Денот на Свети Патрик, чиј заштитен знак е токму зелената боја, односно зелената детелина со четири листа.

„Дрвото изгледа многу тажно без гранки и зеленило“, вели Пура Лолер, која минувала на пат кон теретана. Таа додаде дека чувствува дека Бенски зборува нешто за уништување на шумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Banksy (@banksy)

Поранешниот лидер на лабуристите Џереми Корбин рече дека муралот ги натера луѓето да застанат и да размислуваат.

Бенкси никогаш не го открил својот идентитет, иако во јавноста се шпекулира за него со години. Сепак, тој молчеше за сите овие шпекулации и „откритија“.

Кариерата ја започна со бојадисување згради во Бристол со спреј, а денес е еден од најпознатите светски уметници.

Неговите дела се продаваат на аукции за милиони долари, а неколку мурали се украдени или отстранети од ѕидовите од страна на сопствениците на зградите во кои се наоѓале. Најновиот мурал тешко ќе се украде, бидејќи има значење само со дрвото пред него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi