Шведска, Норвешка и Холандија се европските земји каде што е најлесно да се добие државјанство, според истражувањето на Канадската агенција за имиграција CanadaCIS, а ако се прашувате каде ќе работите повеќе за да ги убедите да ве примат, тоа се Естонија, Латвија и Чешка.
Во најголем дел, луѓето кои работат на далечина немаат проблем да изберат дестинација од која ќе ја завршат својата работа, но преселбата е друга приказна. CanadaCIS ги анализираше податоците за имиграцијата на Еуростат од 2009 до 2021 година, земајќи го предвид процентот на одобрени апликации.
Податоците покажуваат дека Шведска со процент од 9,3 отсто има двојно повеќе одобрени барања од просекот на ЕУ. Со оглед на тоа што Шведска редовно се рангира меѓу најсреќните земји во Европа и светот, не е изненадување што таа е предмет на желба за многу луѓе кои бараат нов почеток. Но, на пример, добивањето државјанство во Естонија не е воопшто лесно, како што сугерира процентот од само 0,6 проценти.
10 европски земји во кои е најлесно да се добие државјанство:
Шведска
Норвешка
Холандија
Португалија
Исланд
Ирска
Романија
Обединето Кралство
Белгија
Финска
10 европски земји во кои е најтешко да се добие државјанство:
Естонија
Латвија
Чешка република
Литванија
Австрија
Лихтенштајн
Словачка
Словенија
Германија
Данска