Ова е најдобриот приморски град во светот!

popara13 август, 20241min00
Screenshot_5

Eден црногорски град се најде на листата на најубавите приморски градови во светот. Станува збор за Херцег Нови.

 

 

 

Како што објави компанијата за крстарење „Fred Olsen Cruise Lines“, градот Херцег Нови се нашол на шестото место на најубави приморски градови на светот, зад Сплит и Амстердам. Истражувањето вклучува 117 приморски градови ширум светот кои се рангирани според параметри како што се квалитетот на културните атракции, бројот на места на листата на УНЕСКО, популарноста на „Google“ и количината на хаштагови на социјалните мрежи.

 

На прво место е Рејкјавик во Исланд. Следи белгиски Бриж којшто се нашол на листата поради својот канал којшто води до морето, иако е 11 километри оддалечен од крајбрежјето.

 

На третото место е Неапол, италијанскиот град којшто е познат по големиот број атракции – од Везув и Кралската палата до театарот Сан Карло, па Монако. Сплит е на петтото место, а следи Херцег Нови, потоа Амстердам, Кејптаун, Даблин и Гибралтар, пренел црногорскиот портал „Борба“.

 

Оваа година имаше серија пофалби од угледни магазини за Црна Гора.

Познатиот американски магазин Travel off path пишува дека Црна Гора е една од најпотценетите летни дестинации во Европа. Во својот извештај магазинот објави дека Црна Гора е веројатно најперспективната туристичка дестинација на европско тло.

 

 

Има дестинација која во Црна Гора годинава стана апсолутен хит, а не е на море.  Недалеку од Колашин, се наоѓа Биоградското Езеро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag