Ова е најпосетуваното место во светот: трговски центар низ кој поминале 105 милиони луѓе

popara14 март, 20241min00
Das Einkaufszentrum Dubai Mall. Die größte Mall der Welt bietet unzählige Shopping- und Entertainmentmöglichkeiten Dubai

Неверојатната бројка од милион е рекорд за популарната туристичка дестинација Дубаи изградена во 2008 година, која се простира на неверојатни 1.200.000 метри квадратни – веднаш до највисоката зграда во светот.

Dubai mall беше најпосетуваното место во светот минатата година, пренесува Punkufer.

Емиратиската мултинационална компанија за развој на недвижнини Emaar тврди дека во 2023 година дури 105 милиони луѓе  поминале низ Dubai mall . Ова е зголемување за 19 проценти во однос на 2022 година, кога низ центарот поминале 88 милиони луѓе.

„Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на раководството во реалност“, рече основачот на Emaar, Мохамед Алабар при претставувањето на деловните резултати.

Веднаш до највисоката зграда во светот
Неверојатната бројка е рекорд за популарната туристичка дестинација во Дубаи изградена во 2008 година, која се простира на неверојатни 1.200.000 квадратни метри – веднаш до највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа, која се наоѓа во областа на градот позната како Downtown Dubai.

Dubai mall вклучува околу 1.200 продавници на популарни брендови на облека, чевли, накит, часовници, електроника и слично каде што можете да купувате со часови. Кога ви треба одмор, можете да изберете еден од околу 200 ресторани, кафулиња и други места за одмор.

Еден од поинтригантните ресторани што се нудат е секако Rainforest Cafe, кое симулира џунгла во урбана средина со светлосни ефекти.

Аквариум во Дубаи
Да дојдеш во Дубаи Мол и да не го видиш нивниот монументален аквариум и подводна зоолошка градина би било штета. Акауриумот во Дубаи е исполнет со 10 милиони литри вода и е дом на 33.000 животни – од кои дури 300 ајкули. Цена на еднодневен билет за возрасни? Околу 50 евра.

Dubai mall го посетуваат локални жители, но и туристи од целиот свет – особено од Европа, Кина и Индија.Emaar истакна дека во првите два месеци од оваа година, околу 20 милиони луѓе поминале низ Dubai mall, што сугерира дека рекордната посетеност би можела да продолжи и во 2024 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag