Лукот е исклучително добар, особено во зима, најмногу за зајакнување на имунитетот. Меѓутоа, покрај него, постојат уште неколку намирници, исклучително здрави за зајакнување на имунитетот, кои може да се сметаат за природни антибиотици, како што се медот, куркумата, ѓумбирот или јаболковиот оцет.
Антибиотиците се ефикасни против паразити, габи и многу видови бактерии, но за вирусите најдобро е да се вооружиме со природни антибиотици.
Природните антибиотици треба да се користат како додаток на терапијата што ја пропишува лекарот. Тие не можат да ја заменат медицинската нега, но можат да бидат многу корисни. Пред да користите природни антибиотици, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.
Ова се најдобрите природни антибиотици:
– мед
– корен од рен
– јаболков оцет
– екстракт од компири
– пиперка хабанеро
– есенцијално масло од оригано (див риган)
– ѓумбир
– куркума
Овие антибиотици може да се користат за лекување на инфицирани рани, стрептококи, инфекции на увото, ешерихија коли, салмонела и хеликобактер пилори. Некои од нив можат да спречат и осип на кожата, габични инфекции и спортско стапало.
Природните антибиотици често се достапни како додатоци во исхраната или тинктури. Пред консумирање, разговарајте со вашиот лекар за дозата и потенцијалните несакани ефекти.