Што треба да прават жените веднаш по сексот?

popara4 декември, 20241min00
Интима

Сексот е индивидуална и многу интимна работа. Тоа е чин при кој телото поминува низ бројни промени. Иако секоја од нас има различни желби и потреби, телото на речиси сите жени реагира на многу сличен начин.

Една од овие реакции е потребата за мокрење после секс. Кај некои може да биде многу силно и непосредно, додека кај други жени се појавува по неколку минути. Во никој случај не треба да ја игнорираме оваа потреба.

Зошто мокриме после секс?
Нашето тело е многу “софистицирана машина” чија улога е да не заштити што е можно повеќе од потенцијалните опасности кои демнат во нашата околина. Една од овие опасности се крие во бактериите. Имено, за време на сексуалниот однос, телото е изложено на бројни бактерии.

Др.Невен Капун,специјалист на урологија, објаснува како воспалението на мочниот меур е директно поврзано со сексуалниот однос.

За време на сексуалниот однос, бактериите се шират низ уретрата кон мочниот меур, што кај жените може да доведе до акутно воспаление на уринарниот тракт. Со мокрењето после секс всушност се ‘чистиме’, односно го исплакнуваме уринарниот канал од бактерии, истакнува Капун.

Затоа, доколку почувствувате силна потреба за мокрење после секс, одложете го галењето за неколку минути и слушајте го вашето тело.