Овој град може да се пофали со најдобриот квалитет на живот во светот

popara7 јуни, 20241min00
France isere grenoble panorama bastille fort grenoble bastille cable car its bubbles oldest

Квалитетот на животот е важен индикатор што треба да се земе предвид при рангирањето на најдобрите градови во светот. Но, што всушност е квалитет на живот и како можеме да го оцениме?

Па, сè, од гастрономската понуда до стапката на криминал може да влијае на квалитетот на животот на жителите на еден град, но сосема новиот глобален индекс на градови на Oxford Economics зеде предвид шест важни индикатори: очекуваниот животен век, приходот по лице, еднаквоста на приходите, рекреацијата и културно снабдување, брзина на интернет и трошоци за домување.

Гренобл во Франција е избран за град со најдобар квалитет на живот според овие критериуми. „Главниот град на Алпите“ е познат како омилена планинарска дестинација, како и центар за научни истражувања, пишува Time Out.

На второто место на листата е Канбера, главниот град на Австралија, а воедно е и единствениот неевропски град во првите десет.

Дури три града од Швајцарија се најдоа на листата на градови со најдобар квалитет на живот во светот. Берн е третопласиран, Базел петти, а Цирих осми на листата, пренесува Данас.

10 најдобри градови во светот за квалитетен живот:

1. Гренобл, Франција
2. Канбера, Австралија
3. Берн, Швајцарија
4. Берген, Норвешка
5. Базел, Швајцарија
6. Луксембург, Луксембург
7. Рејкјавик, Исланд
8. Цирих, Швајцарија
9. Гент, Белгија
10. Нант, Франција

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag