Од денес Венеција наплаќа влезница на туристите: Погледнете како ќе функционира тоа и што треба да знаете

popara29 април, 20241min00
Venice-city

Еден од најубавите, најромантичните, посебните и најсаканите градови во светот од денес добива посебно правило. Како што можеше да претпоставите од најавите, Венеција станува првиот град кој одлучува за воведување влезна такса за посетителите.

Бидејќи се работи за град кој дневно го посетуваат и до 60.000 луѓе, пренаселеноста станува голем проблем, особено што е познат факт дека Венеција тоне. Токму затоа воведоа ново правило со кое ќе се обидат да ја намалат гужвата во текот на сезоната. Имено, исплатата ќе се врши токму тогаш, 29 дена во годината, најмногу за викенди од мај до јули. Списокот на денови можете да го погледнете ТУКА.

На споменатите датуми, секој посетител (освен оние кои се ослободени како помладите од 14 години, оние кои живеат или се родени во Венеција или околните општини, имателите на Европската инвалидска карта или посетителите кои престојуваат подолго од еден ден) плаќа влезница од пет евра ако дојде во градот од 8:30 до 16:00 часот. Секој ќе го добие својот QR-код на мобилни уреди или ќе го испечати, а таксата може да се плати онлајн или по пристигнувањето. Затоа, пристигнувањето може да се резервира однапред.

https://imageio.forbes.com/specials-images/imageserve/65a67016b57e9fc535d36ad4/0x0.jpg?format=jpg&height=600&width=1200&fit=bounds

Иако нема да има бариери на влезовите каде што ќе се проверува поседувањето „билети“, инспекторите наводно по случаен избор ќе проверуваат и ќе изрекуваат казни од 50 до 300 евра за оние кои не се пријавиле на влезот.

„Никој досега не вовел ваков систем“, изјави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро на новинарите претходно овој месец. „Не го затвораме градот, само се обидуваме да го направиме подобар за живеење“. Дали ваквата мерка ќе даде резултати, внимателно ќе се следи и во другите туристички дестинации низ светот кои се борат да се справат со масовниот туризам.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag