Пејачот итно опериран од тумор на мозокот!

9 јануари, 20240
Screenshot_2

Мегапопуларниот американски пејач Мајкл Болтон објави дека неодамна му бил дијагностициран тумор на мозокот, и дека поради тоа  ги откажал сите настапи.

 

 

 

 

– Непосредно пред празниците беше утврдено дека имам тумор на мозокот, а потребна беше итна операција. Благодарение на мојот неверојатен медицински тим, операцијата беше успешна. Сега закрепнувам дома, опкружен со голема љубов и поддршка од моето семејство – напиша пејачот на Фејсбук.

 

Болтон им порача на фановите дека следните неколку месеци ќе ги посвети на опоравување и дека нема да настапува.

 

– Секогаш е најтешко да се разочараат фановите со откажувањето на настапите, но бидете сигурни дека се трудам да го забрзам закрепнувањето и наскоро да се вратам на концертите. Ги чувам вашите позитивни зборови во срцето, известувам што се случува, Мајкл Болтон ве сака сите – напиша тој на социјалните мрежи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi