Поранешните пријатели на суд: Дејвид Бекам го тужи познатиот холивудски актер заради наводна финансиска измама

20 април, 20240
o_32842415_1280

Иако станаа блиски пријатели кога Дејвид Бекам се пресели во Америка за да игра за LA Galaxy во 2007 година, тој и Марк Волберг наскоро би можеле да се најдат на суд. Како што пренесуваат странските медиуми, познатиот англиски фудбалер решил да го тужи холивудскиот актер за наводната загуба од речиси десет милиони евра.

image

Поранешните пријатели сега се соочуваат со напната правна битка, а компанијата на Бекам DB Ventures Ltd тврди дека Волберг намерно го измамил фудбалерот. Во 2020 година, Бекам стана глобален амбасадор на неговата компанија F45 и често беше фотографиран како тренира во нивните спортски сали и позира со тренери. Исто така, поранешниот фудбалер често се гледа како вежба со брендирана опрема во фитнес центрите F45 и споделува објави на Инстаграм со своите милиони следбеници.

image

Но, сега Бекам тврди дека изгубил огромна сума на пари кога акциите што му биле ветени биле задржани додека нивната цена не паднала. Имено, компанијата на Волберг му ветила на Бекам дека ќе ги плати акциите за неговиот ангажман на почетокот на 2022 година, но тие не биле исплатени во договореното време неколку месеци подоцна. Можеби тоа немаше да биде таков проблем, доколку тогаш вредноста на акциите не паднеше од 12 американски долари за акција од 3 долари.

Поради се што му се случи, поранешниот англиски репрезентативец сега тврди дека бил измамен во овој деловен потфат и преку тужба ја бара разликата во парите за кои смета дека ги загубил поради непочитување на договорот на другата страна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi