Порти на пеколот: Запален кратер кој гори повеќе од 50 години

popara4 септември, 20241min00
62896499-darvaza

Гасниот кратер Дарваз во Туркменистан мештаните го нарекуваат Порти на пеколот. Станува збор за кратер од природен гас со пречник од 69 метри и длабочина од околу 30 метри, кој делумно пропаднал во подземна пештера.

На почетокот на 1970-тите, научниците веруваа дека во оваа област има големи наоѓалишта на нафта. Но, кога почнале да дупчат, земјата се отворила и се формирал кратер од кој почнал да излегува метан.

За да се спречи ширењето на опасниот гас и еколошка катастрофа од големи размери, геолозите го запалиле. Тие верувале дека ќе гори само неколку дена, но и денес гори и претставува апокалиптична слика на која многу туристи од различни делови на светот не можат да ѝ одолеат.

Портите на пеколот се наоѓаат во близина на селото Дервезе, кое е оддалечено 260 километри од главниот град на земјата, а поради ограничените можности за сместување, повеќето посетители доаѓаат тука да кампуваат со шатори.

Првиот познат човек што стапнал во кратерот бил истражувачот Џорџ Курунис, кој собрал примероци од микроорганизми на Портите на пеколот во 2014 година, а целата негова експедиција била прикажана на National Geographic.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag