Правилно негувајте ја кожата на стапалата: Направете домашен педикир

3 март, 20240
Screenshot_14

Ако веќе си купивте сандали или се спакувавте за на плажа тогаш следното што ви е потребно е негата на стапалата.

 

 

 

За една девојка е најважно да има здрава и негувана кожа, а ни стапалата не се исклучок. Тие се дел од телото кој е најмногу изложен на оштетување, почнувајќи од тесните кондури кои ве притискаат, грубата кожа на петите и па се до влагата од затворените чевли.

 

Доколку имате испукана кожа на стапалата,  секоја ноќ пред спиење измијте ги нозете, а потоа на влажна кожа додајте крема за испукани стапала и облечете памучни чорапи за подобар ефект на кремот.

 

За оние пак, кои немаат проблем со груба кожа на петите, доволно е да употребат балсам за стапала.

 

Во однос на препаратите за стапала, најкорисни се етеричните масла кои ги уништуваат бактериите и габите, а истите се појавуваат како резултат на потењето.

 

Практикувајте да правите пилинг од крупна морска сол и маслиново масло еднаш во неделата за да ги отстраните сите тврди наслаги, а избегнувајте агресивни методи кои се наменети за отстранување на овие тврди наслаги.

 

Еве како да ги негувате стапалата во домашни услови:

 

1 чекор: Купка

 

За редовно одржување на хигиената правете купка која ќе содржи етерични масла, природни чаеви и рузмарин. Истите се антисептични, а со нивна секојдневна употреба вашите стапала ќе видат чисти, свежи и ќе го намалите потењето.

 

Начин на подготовка: Една лажичка купка во еден литар топла вода, а нозете држете ги 10 до 20 минути.

 

2 чекор: Камен за нега на пети

 

Каменот не само што е традиционален начин на отстранување на грубата кожа од петите, туку тој важи и за најдобар начин за нега на пети. Главните својства на каменот се острината, трајноста и нескршливоста.

 

Начин на употреба: Веднаш после купката, стапалата масирајте ги со претходно навлажнетиот камен, се додека кожата не стане нежна. Откога ќе завршите со масирањето нанесете крема.

 

3 чекор: Балсам за нега на стапала и нокти

 

Балсамот за нега на стапалата и ноктите треба да биде богат со етерични масла. Балсамот ја храни кожата и е идеален за секојдневна употреба. Тој ја задржува свежината на вашите стапала во текот на целиот ден, а истото така и ви ги зацврстува ноктите на прстите на вашите нозе.

 

Начин на употреба: Нанесете го рано наутро, за свежина во текот на целиот ден.

 

4 чекор: Антибактериски гел за стапала

 

Најдобро е гелот да биде на природна база, богат со етерични масла кои ќе ви дадат свежина и кои ќе го намалат потењето во текот на денот. Гелот се употребува секојдневно, брзо се впива во кожата, ја забрзува циркулацијата и дава чувство на олеснување во вашите стапала.

 

Начин на употреба: Нанесувајте го рано наутро за заштита на стапалата во текот на целиот ден.

 

5 чекор: Интензивна крема за стапала

 

Оваа крема делува врз наслагите на стапалата. Интензивната крема е идеална за сите кои имаат проблематична кожа како тврди и испукани стапала или разни облици на хиперкератоза.

 

Начин на употреба: Се нанесува на влажна кожа. За подобро дејствување нанесувајте го по купката за стапала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi