За семејствата со мали деца, аранжманот „all inclusive“ е добро решение доколку сакате да го намалите стресот за време на патувањето и да се опуштите колку што е можно на одмор.
Сепак, пред да се одлучите за овој аранжман, прашајте што е вклучено во цената на аранжманот „all inclusive“, бидејќи некои хотели користат само атрактивно име за полн пансион. Ако е наведено дека се работи за понуда „ultra all inclusive“, тоа би требало да значи дека скоро сите ваши трошоци за одмор се покриени.
Нешто што изгледа убаво на хартија и звучи одлично во брошура, често може да биде различно во пракса. Затоа одвојте време и читајте рецензии за хотелите на Google, TripAdvisor или Booking, пишува N1 Србија.
Бидејќи туристичката сезона практично веќе започна, внимавајте на понудите во последен момент кои можат да ви заштедат пари. Ако навистина ви се допаѓа одмор all inclusive и знаете дека тоа ќе биде ваш избор и за следниот одмор, тогаш добро е да ги искористите тие понуди од прва минута. Покрај тоа што цените растат како што се приближува летната сезона, колку порано го резервирате одморот, толку повеќе простор ќе имате за да го разделите не толку евтиниот аранжман на голем број прифатливи рати.
Не мора ни да го напуштите хотелот
Услугата „all inclusive“ значи дека навистина не мора да го напуштите хотелот, па самите објекти се дизајнирани така што нудат грст активности и на гостите никогаш нема да им биде здодевно.
Храната и пијалоците се достапни цел ден и се вклучени во цената. Значи, колку чини кафето? Не ви е гајле. Колку чини сладоледот? Не ви е гајле. Колку чини пивото? Не ви е гајле.
Единственото нешто што може да биде незгодно со толку многу „бесплатни“ работи на дофат на раката е да се спротивставите на искушението ако сте на диета… Сепак, можете лесно да ги согорите вишокот калории со пливање, а многу хотели нудат и многу други активности исто така.
All inclusive е можеби најдоброто летно искуство за семејства со мали деца. Фактот дека плажите и рестораните се на дофат ќе ви ја олесни работата многу. Нема да морате да одите на локалните пазари и да носите вреќи со овошје, вода и други намирници.
Многу хотели нудат и неколку дополнителни активности за деца, како што се различни работилници со аниматори.
За кого all inclusive не е добра опција
Ако не сакате гужви и повеќе уживате во мирот и тишината, тогаш исклучете ја оваа опција. Исто така, доколку сакате да ги посетувате локалните знаменитости, да талкате по улиците на градот, да пробате специјалитети во локални таверни, да пливате на скриени плажи или да се дружите во клубови, концептот all inclusive дефинитивно не е за вас бидејќи ќе ги мултиплицирате вашите трошоци.
Исто така, ако вашите деца се тинејџери, тогаш овој концепт на летен одмор би можел да им биде заморен.