Натпреварувањето во видео игри е се попопуларен е-спорт во светот, а според некои статистики, дури 60 отсто од населението на Блискиот Исток се гејмери. Затоа не е чудно што во Обединетите Арапски Емирати се планира изградба на остров, кој ќе биде наменет специјално за љубителите на видео игрите.
Станува збор за островот True Gamers Esports, кој ќе го носи името на истоимената мрежа на е-спорт клубови, а кој треба да се простира на околу 500.000 квадратни метри во областа Ал Сеф во Абу Даби.
Изградбата на рајот на овој гејмер би требало да чини околу 280 милиони евра, а иницијаторите сметаат дека инвестицијата ќе се исплати за помалку од 10 години.
Островот True Gamers Esports треба да вклучува капацитети за обука на играчи со најсовремени компјутери и аналитички алатки, како и арена за турнири, разни дигитални изложби и конференции. Овде, сè треба да биде во корист на играчите – од достапната опрема за игри до планот за исхрана за да се постигнат најдобри резултати.
На островот би требало да доминира Digital Tower, во која ќе биде сместен деловен центар за ИТ експерти, креатори на видео содржини и старт-ап компании. Секако треба да се изгради хотел со 200 соби, кој ќе биде прилагоден на потребите на играчите.
Погледнете како треба да изгледа островот True Gamers Esports: