Секси изненадување за вашиот партнер: Десет реченици кои ќе го возбудат секој маж

popara22 јануари, 20241min00
Screenshot_6

Повеќето мажи се воодушевени кога ќе дочекаат секси иницијатива од нивната партнерка, посебно ако тоа е на суптилен начин.

 

 

 

 

Пробајте ги овие 10 реченици кои сигурно ќе го расположат за секс:

 

  1. Ми недостасуваше

 

Ако не сте се виделе подолго време, оваа реченица е идеална предигра со која ќе му покажете што точно ви недостасувало.

 

 

  1. Вечер ти си на ред

 

Угодувањето во сексуален контекст за повеќето мажи е на самиот врв од листата на желби.

 

 

  1. Имам изненадување кога ќе стигнеме дома

 

Самото зборче изненадување ќе му ја разбуди фантазијата, па предиграта ќе започне уште од влезната врата.

 

 

  1. Ми требаш

 

Желбата и потребата се можеби најдобриот нагон кој мора да му го кажете на глас. Со оваа изјава му давате до знаете колку ви значи во емотивна смисла, а што повеќе емоции има – сексот ќе биде постраствен.

 

 

  1. Земи со тебе и шише вино

 

Јасна порака дека вечер сакате да уживате. А, што оди најдобро со вино?

 

  1. Ти благодарам

 

Мала благодарност ќе му даде до знаење дека го цените, а тоа ќе му ја разбуди самодовербата. Потоа сигурно ќе сака да се покаже и на други полиња.

 

 

  1. Прекрано мирисаше сабајле

 

Доволно е самото тоа што сте забележале дека малку се потрудил, па не постои подобар афродизијак од ова.

 

 

  1. Постојано размислувам за тогаш кога…

 

Присетувањето на некоја конкретна сцена со него е одлична од повеќе причини. Прво, го зајакнувате неговото его, а второ, кај мажите директното изразување е посебно ценето.

 

 

  1. Вчера ми пријде еден маж…

 

Иако не е добро да си поигрувате со овие изјави, кај некои мажи повремената инекција љубомора може да направи чудо за либидото. Фактот дека сте посакувани и можната конкуренција секако ќе ги разгори страстите.

 

 

  1. Нели сум згодна во ова?

 

Ова сепак треба да оди заедно со некоја фотка. Генерално самодовербата е најпривлечна особина за мажите, па тоа што сметате дека сте згодни и само барате потврда, може лесно да му ја разбуди фантазијата.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag