Серена Вилијамс: Тоа беше една од најтешките одлуки во мојот живот

13 април, 20240
Screenshot_6

Најуспешната тенисерка на сите времиња, Американката Серена Вилијамс, откри колку ѝ било тешко да го напушти белиот спорт.

 

 

 

 

Во текот на нејзината долга кариера, Серена Вилијамс освои сè што можеше да посака еден спортист, од 72 титули во сингл, 23 грен-слемови, до еден куп помали турнири, награди и признание. Американката истакна дека почувствувала големо разочарување кога решила да се повлече од тенисот. Во тоа време таа сакала да ја освои својата 24. Грен-слем титула и да се изедначи со легендарната Маргарет Корт. Меѓутоа, мајчинската љубов и желбата да има уште едно дете ја принудило да донесе одлука со која дефинитивно се повлече од тенисот, кој дотогаш ѝ беше живот и голема страст.

 

Американката во интервју за „Byrdie“ признала дека била блиску до одлуката да го напушти тенисот уште во септември 2017 година, кога ја родила својата прва ќерка Олимпија.

 

Второто дете кое го роди од бракот со Алексис Оханијан беше ќерката Адира Ривер. Таа е родена во август 2023 година. После тоа, Серена донесе одлука, се повлече од тенисот и се посвети на друг бизнис, лансирајќи нов бренд за шминка.

 

Сакам спорт и сакам да бидам активна. Да напуштам нешто во што сè уште бев добра за да бидам мајка е многу тешка одлука. Но, сакав уште едно дете, па морав да го сторам тоа. Сега се работи за наоѓање рамнотежа и други работи кои отсекогаш сум ги сакала, започна Серена.

Таа исто така зборуваше и за желбата да се покаже преку модата и накитот што ги носеше на теренот, па решила да отвори своја колекција на шминки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi