Се спремате за празнично патување? Никогаш не ги користете овие работи во хотелите

popara27 април, 20241min00
Screenshot_8

Поранешна вработена во хотел ги советува туристите на што треба да внимаваат кога патуваат.

 

 

 

Ѓоспоѓица Ричард сподели видео на социјалната мрежа „ТикТок“ кое станало вирално.

 

„Работев во хотел пред неколку години и мислам дека би било забавно да ви откривам тајни за хотелите кои можеби не ги знаете“, вели таа на почетокот на видеото.

 

Забележува дека можеби тоа не е случај во секој хотел и дека тоа е само нејзино лично искуство

 

„Првата работа е што повеќето хотели не ги перат јорганите или покривките. Тие ги перат можеби еднаш годишно, што е навистина страшно”, открива таа.

 

„Значи, првото нешто што сакате да го направите кога ќе влезете во вашата соба – не легнувајте на јорганот, тргнете го“, порачува таа.

@janessarichard

Spilling some 🍵 as an ex hotel employee! #fyp #pregnant #pregnancy #canadianmamas #momlife #toddlermom #hotelsecrets

♬ Stuck In The Middle – Tai Verdes

Таа советува гостите да избегнуваат и пиење од чашите што стојат во собата.

 

„Скоро секоја стандардна просторија што ја резервирате доаѓа со шише вода и чаши за пиење во просторијата. Не би препорачала да пиете од тие чаши затоа што тие често не се менуваат меѓу гостите, се додека изгледаат чисти”, вели таа.

 

Ричард тврди дека персоналот на хотелот ги заменува чашите ако изгледаат валкани, но ако изгледаат како гостите да не ги допреле или користеле, ги остава за следниот гостин.

@janessarichard

Reply to @stephaniewillhoit Part 3! 😬

♬ Astronaut In The Ocean – Masked Wolf

Исто така, советува гостите да не одат боси по подот во хотелските соби. Теписите, вели таа, редовно се чистат со правосмукалка, но многу ретко се перат или се чистат темелно.

 

„Внимавајте да носите чорапи или влечки“, завршува таа.

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma