Сон или јаве: Места кои е тешко да замислиме дека постојат на планетата Земја

popara30 мај, 20241min00
62832003-klevan

„Некои работи изгледаат премногу добри за да бидат вистинити“. Токму оваа реченица може слободно да се пренесе за некои места на нашата планета. Би рекле дека се нацртани, дека се измислени, но навистина постојат. Па кои се овие места, каде се наоѓаат и како да стигнете до нив, дознајте во следните редови…

Шума Аокигахара (Јапонија)

Оваа шума често се нарекува „море од дрвја“. Таа е исклучително густа и се наоѓа по северозападното подножје на планината Фуџи. Овде, патниците можат да очекуваат мирна атмосфера, кривулести патеки за талкање и многу спокојство. И, како што е забележано од страна на јапонска веб-страница за патувања, овде има супер кул природен феномен: „Ако држите компас на карпеста вулканска земја, тој може да одговори на природниот магнетизам“.

Колманскоп (Намибија)

Некогаш град за ископ на дијаманти, сега е напуштен во пустината Намиб, а песокот полека го покрива. Денес тој стои како рај за фотографи, нудејќи надреални слики од домови кои ги проголтала земјата. За посета и фотографирање потребна ви е дозвола, која можете да ја добиете на билетарата пред да влезете во градот. (На комерцијалните фотографи им е потребна друга лиценца, која чини значително повеќе, но се додека тие слики се само за ваша лична употреба, сè е „lege artis“.)

Тунел на љубовта (Украина)

Кој знае во каква состојба е сега, но ако ништо друго – знаеме како изгледал некогаш. Се наоѓа во селото Клеван, а составен е од дрвја во форма на сводови, што дава доволно простор за возот да помине. Тунелот е долг три километри и е популарно место за фотографите, но и за љубовниците. Задолжително чувајте го ова место обележано кога ќе дојде време туризмот да се врати во Украина.

Кападокија (Турција)

Нема шанси да не сте го виделе ова место на Инстаграм. Кападокија стана позната на социјалните мрежи благодарение на својот бајковит пејзаж составен од карпести формации и древни пештерски живеалишта, а балоните со топол воздух кои го красат небото и даваат посебен шарм на целата приказна. Некои одат дотаму што мислат дека доаѓањето во Кападокија без возење со балон е исто како да дојдете во Рим и да не го видите папата…

Ait Benhaddou (Мароко)

Друго место за кое е тешко да се поверува дека постои е Аит Бенхаду, кој исто така е заштитен од УНЕСКО. Древното утврдено село се наоѓа во подножјето на планините Атлас и се состои од фантастично добро сочувани средновековни градби – толку многу што го ставија во многу филмови како „Гладијатор“. Посетителите можат да ги истражуваат неговите тесни улици и згради, но запомнете, луѓето сè уште живеат тука, па погледнете внимателно и можеби размислете за тура со водич.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag