Сон на секој работник: Европските земји во кои вработените поминуваат најмалку време на работа

popara20 март, 20241min00
62302103-bec-austrija

Во последните години Европа бележи тренд на намалување на бројот на работни часови, а некои земји се залагаат за воведување на четиридневна работна недела. Во февруари 2024 година, Германија воведе пилот проект за тестирање четиридневна работна недела наместо пет со едноставна идеја: вработените ќе се обидат да ја завршат работата што ја имаат, ќе имаат дополнителен ден за слободно време, а нивната плата ќе останува иста.

Во германскиот проект засега учествуваат 45 компании кои согласно пократката работна недела ќе им обезбедат на вработените повеќе индивидуална работа и ќе го намалат бројот на состаноци. Во 2022 година, Белгија стана првата земја што ја легализираше четиридневната работна недела. Тоа не значи дека вработените ќе работат помалку, туку им е дадена можност сами да си направат распоред.

Белгискиот премиер Александар Де Кро објасни како сакаат да им дадат на луѓето и компаниите поголема слобода во планирањето на своето време.

Исланд, Португалија, Шпанија, Обединетото Кралство и Канада се исто така дел од земјите кои поддржуваат пократка работна недела.

Ако планирате да се преселите, можеби ќе ве интересира кои земји се најмалку зафатени. Пред неколку години, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги прочешла светските податоци и состави листа на земји врз основа на просечниот број часови што луѓето ги поминуваат на работа. Иако резултатите не се овогодишните, сметаме дека работните навики не се драстично променети.

Земја со најкратка работна недела е Холандија (29,5 часа неделно), потоа Данска со просек од 32,5 часа и Норвешка со 33,6 часа. Со други зборови, ако сакате добра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, ситуацијата на европскиот север може да ви се допадне.

На подебелиот крај на скалата е Колумбија, чии жители работат во просек 47,6 неделно.

Земјите со најкратка работна недела според ОЕЦД:

Холандија, 29,5 часа
Данска, 32,5 часа
Норвешка, 33,6 часа
Швајцарија, 34,6 часа
Австрија, Белгија и Италија, 35,5 часа
Ирска, 35,6 часа
Шведска, 36 часа
Финска, 36,3 часа

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag