Со овие три вежби може да се ослободите од подбрадокот

popara7 февруари, 20241min00
Screenshot_2

Подбрадокот може да се појави поради генетиката или, што е прилично често, од прекумерна тежина, особено по 30-та година од животот, кога кожата полека почнува да ја губи еластичноста. Тогаш кожата кај вратот почнува полека „да се опушта“, посебно кај луѓе кои се помалку активни или се склони кон дебелеење.

 

 

 

 

Ваквата состојба, на радост на засегнатите, може да се подобри со лесни, но насочени вежби. Со нив, кожата станува позатегната, а подбрадокот се намалува.

 

Важно е овие вежби да се изведуваат полека, постепено, без брзање и со свесност за секое движење. Ова се три едноставни вежби, коишто се практикуваат секој ден.

 

„Бакнежи кон небото“

Длабоко вдишете, подигнете ја брадата нагоре за да почувствувате напнатост во вратот. Потоа соберете ги усните – со 20 наизменични „бакнежи“ во воздухот и спуштања на главата помеѓу погледите нагоре. Повторете ја оваа вежба 5-10 пати секој ден.

 

„Уво до рамето“.

Полека навалете ја главата на едната страна и обидете да го допрете рамото со увото. Приближете ги што е можно повеќе, но внимавајте да не се појави болка. Полека вратете ја главата во почетната положба и сторете го истото со другата страна. Повторете ја вежбата неколкупати.

 

„Поглед настрана“

Застанете исправено простум и испреплетете ги прстите на грбот. Во оваа положба, полека кревајте ги рацете колку што можете. Во исто време вдишете длабоко, свртете ја главата на едната страна, онака како да се обидувате да видите преку рамето зад себе. Останете во оваа положба пет секунди, па вратете се на почетната поза – со вдишување. Потоа свртете ја главата и на другата страна. На крај, полека спуштете ги рацете надолу.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma