Стјуардеса откри непознати детали за нејзината работа на TikTok, истакнувајќи едно вообичаено барање од патниците што членовите на кабинскиот екипаж имаат тенденција да го одбијат.
Американската стјуардеса Кат Камалани откри во вирално видео на TikTok едно вообичаено барање на патници кое кабинскиот екипаж најчесто го одбива. Со речиси милион следбеници на оваа платформа, Кат, која шест години работела како стјуардеса, објаснила зошто многу стјуардеси одбиваат да помогнат во подигнување на багажот на патниците, пишува New York Post.
Во видеото, Кат објаснува дека патниците често бараат од стјуардесите да ги подигнат торбите во багажниот простор, но дека тоа не е дел од нивната официјална работа.
„Интересен факт… сите мислат дека наша должност е да го земеме туѓиот багаж, но не е“, рече Кат.
@katkamalani #stitch with @kaylakayla.1999 that’s facts!!! #travel #tips #askontiktok #CustomersMostLoved
Таа вели дека во нејзината авиокомпанија, како и многу други, правило е ова да не се прави бидејќи подигањето на багаж може да предизвика сериозни повреди и тие не се осигурани за тоа.
Затоа таа напоменува дека сите патници треба да можат да го подигнат багажот над седиштето, а доколку тоа не е можно, стјуардесите нема да им го направат тоа од наведените причини.