Има ли нешто подосадно од тоа со нетрпение да чекаш да се разлади твоето вино или пиво? Можеби има, но за среќа постои трик со кој можеме да го забрзаме решавањето на оваа драма.
За да изладите лименка (или шише) пиво, вино или сок за исклучително кратко време, се што ви треба е сад со вода, мраз и сол.
Истурете ладна вода во садот и додадете мраз. Додадете неколку лажици сол што ќе го забрзаат ладењето, добро измешајте и ставете лименка или некој друг пијалок внатре. За помалку од пет минути ќе имате изладен пијалок за наздравување на овој трик.