Чистењето на чевли за многумина е ноќна мора. Токму кога ќе ги дотерате да изгледаат како што треба, тие повторно се валкаат од калта на патот до местото каде што одите. Еден експерт сподели одличен трик за брзо и ефективно чистење, а резултатот воодушеви илјадници луѓе. Видеото стана вирално. Потребни ви се само три работи од кујната и ќе ги исчистите чевлите за неколку секунди!
Во видеото кое досега собра повеќе од 120.000 прегледи, тој откри дека компирот, кората од банана и кесичките чај можат да ви помогнат во чистењето. Не само тоа, чевлите можат да изгледаат како нови! Видеото се вика „Како природно да ги исчистите чевлите“. „Дали знаевте дека ако земете компир и отсечете парче, можете да го користите за чистење на чевлите?“, откри експерт кој редовно споделува трикови за чистење.
Потоа покажа како се ослободил од сите дамки на белите патики, а резултатот ги воодушеви сите! Доколку чевлите ви се навлажнат, се што треба да направите е да ги ставите во машина за сушење пет минути, но со врвките извадени. Ако од чевелот доаѓа непријатен мирис, пробајте го трикот со кесичка чај! Ставете по една кеса во секој чевел и оставете ги да отстојат преку ноќ. „Бум, смрдеата ќе ја снема“, вели експертот, додавајќи дека лушпите од банана прават чевлите да светат. Погледнете како го прави сето тоа:
@creative_explained How to clean shoes naturally! 😲🤩 #shoes #lifehacks #cleaning #selfcare #tipsandtricks