Тука слетуваат авиони? Мини писта на работ на остров која е долга само 400 метри

popara3 јануари, 20241min00
62710517-saba

Не е лесно да се слета на островот Саба на Малите Антили. Овој мал остров од 13 квадратни километри во Карипското Море се гордее со еден од највисоките врвови – вулканот Mount Scenery, кој се издига до 887 метри, но и со еден од најмалите аеродроми во светот.

Аеродромот Juancho E. Yrausquin се наоѓа во североисточниот дел на Саба, а е изграден во 1960-тите. Има само една писта, која се протега на само 400 метри и токму затоа тука е забрането слетување на големи авиони.

Иако таму често може да се видат помали авиони како што се De Havilland Canada DHC-6 Twin Otter или Britten-Norman BN-2 Islander и хеликоптери, само најискусните пилоти можат да слетаат на Саба за време на ветровито време.

Windward Island Airways Internetional NV (Winair) е единствената авиокомпанија која нуди редовни летови од овој остров на Карибите, 15 минути оддалечен од Синт Мартен.

Како изгледа слетувањето на Саба погледнете во видеото на YouTube.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag