Познатиот астролог Јулија Лифанова предвидува кои хороскопски знаци ќе заработат пари оваа година.
Бик
За биковите целата оваа година ќе биде знак на просперитет и изобилство. Ова особено се однесува на оние бикови кои се занимаваат со ИТ и социјалните мрежи. Најдебели ќе им бидат паричниците во јуни, а периодот на изобилство ќе започне малку порано, околу 25 мај, пишува N1 Словенија.
Шкорпија
Шкорпиите веќе се владетели на финансискиот сектор. Во јуни можат да добијат поголема сума на пари, а во декември ги очекува навистина голема сума. Тогаш ги очекуваат нови деловни можности кои ќе знаат многу добро да ги искористат.
Овен
Најбогатиот период за овните ќе започне кон крајот на мај. Но, тоа влијание ќе го почувствуваат веќе во април, кога нивните планети и другите влијанија едноставно ќе се усогласат. Во летните месеци уште повеќе ќе бидат почитувани, што ќе влијае и на нивниот џеб.
Водолија
Водолиите се среќните оваа година бидејќи ова е навистина нивна година. Добро им оди од јануари и ќе продолжи во текот на целата година. Патот е широко отворен за сите нивни проекти, затоа да не се плашат. Најдобар период за тоа ќе биде во септември, како и во јуни. Во средината на септември ќе дојде до првото затемнување во знакот Риби, што отвора можност за голема прераспределба на парите во следните две години.Поголема одговорност, но и поголема заработка.