Што е ЈОГУРТ ДИЕТА? Подгответе се за летото и подобрете го вашето здравје

15 април, 20240
Screenshot_8

Денес кога се среќаваме со многу диети на интернет, ретко кога сме сигурни дека истата навистина делува.

 

 

 

Прво што треба да знаете за една диета е дека таа не подразбира изгладнување на вашиот организам туку едноставно насочување кон поздрав и правилен начин на хранење. На тој начин го подобрувате и забрзувате вашиот метаболизам и го намалувате вишокот на килограми.

 

Сигурно веќе знаете дека млечните производи со ниска масленост влијааат здраво врз вашиот организам, а посебно врз цревната микрофлора која често знае да задржува токсини и да ја вари храната бавно.

 

Тоа се случува од пренатрупивање со непотребна храна која влијае нездраво врз метаболизмот бидејќи за нејзино варење е потребен подолг период и лачење на поголема количина на киселини.

 

За да го спречите тоа потребно е уште денес да намалите со внесувањето на храна која знаете дека не е баш најздрава за вас.

 

Верувале или не, секој човек знае точно која храна влијае лошо, а која влијае здраво врз неговиот организам, но не секој внимава на тоа што ќе внесе.

 

Како што напоменавме претходно млечните производи позитивно влијаат врз цревната микрофлора, а најдобар пример за тоа е јогуртот кој доколку започнете да го консумирате веднаш ќе воведе промена во вашиот метаболизам.

 

Јогуртот ќе ги елиминира непотребните токсини од цревата и ќе го забрза варењето на храната, а со тоа ќе ви овозможи и намалување на тежината. Првите видливи резултати ќе ги забележите по само 4 денови од негово консумирање.

 

Се што треба да направите е да консумирате различни видови на свежо овошје и зеленчук измешани со нискомаслен јогурт во блендер. Не смеете да употребувате шеќер и дополнителни зачини.

 

Менувајте го внесот на намирниците. Користете: банани, јаболка, јагоди, малини, кивија, портокали, мандарини, праски, ананаси, грозје, краставици, моркови, зелени свежи пиперки и сето она за кое што сметате дека може да се измеша со јогурт и да добие добар вкус.

 

Доколку го следите ова правило 4 дена, наместо да внесувате нездрава, брза, пржена исхрана или колачи, голема е веројатноста да намалите дури и до 4 килограми од тежината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi