Како земја каде што животот се живее бавно и со сангрија во рака, нема сомнеж дека Шпанија е една од омилените летни дестинации.
Круната секако ја носи прекрасната Барселона, којашто го плени секој посетител со својата историја, архитектура и воодушевувачкиот поглед кон морската шир.
Секако дека Барселона е едно од најпопуларните места каде што можете да го поминете својот одмор, но тоа не значи дека патувањето мора да ве чини и многу скапо.
Во продолжение погледнете кои 4 места можете да ги посетите во Барселона без да потрошите ниту денар:
Музејот на Пикасо
Во Барселона се наоѓа првиот музеј на познатиот шпански сликар Пабло Пикасо, „MUSEU PICASSO“. Во музејот се изложени колекции на слики, цртежи, изработки од керамика и скулптури изработени од страна на уметникот. Посетителите можат да го посетуваат музејот целосно бесплатно секоја недела од 15h, па до затворање. Слободен е влезот и за лица помлади од 18 години.
Бари Готик
Направета прошетка низ историскиот центар Бари Готик. Готскиот кварт е всушност еден од најстарите делови на Барселона каде ќе можете да посведочите на прекрасната готска архитектура заедно со градбите од средновековниот период.
Санта Марија Дел Мар
Во срцето на областа Ла Рибера се наоѓа една од најпознатите цркви во градот Санта Марија Дел Мар. Оваа црква од XIV-тиот век е класичен пример за готска градба, односно високи засводни тавани и сложено обоени стаклени прозорци. Влезот во црквата е бесплатен, но турите на покривот се достапни за 8 евра.
Плажа
Веројатно нема ништо подобро од тоа додека сте во посета на крајбрежен град, денот да го поминете на плажа. Барселона има две главни плажи во близина на градот, Барселонета и Сан Себастија, и истите можете да ги посетите целосно бесплатно. На Барселонета можете да рибарите и да уживате во вкусната морска храна, додека пак Сан Себастија е вистински избор доколку сте за помирна и потивка алтернатива.