3 СОВЕТИ ЗА ЗДРАВА КОСА: Ако имате локни, ова е најдобар начин за стилизирање

9 април, 20240
fcb1ca14d89101e5acf9f3044b622076049ea7e2

Ако имате кадрава или брановидна коса, тогаш знаете колку е важно да посветите време на стајлингот. Процесот на природно обликување на косата може да биде бавен, но е многу подобар од согорувањето на косата со разни уреди. Ова се 3 начини да го подобрите волуменот и здравјето на вашата коса.

1. Користете маска за коса

Рутината на одржување на виткана коса е многу важна бидејќи бара повеќе посветеност од вообичаеното. Соодветната нега ја одржува вашата коса хидрирана. Според експертите, подобро е да се одлучите за маска наместо традиционален мелем.

Маските за коса се користат за задржување на хидратацијата, зајакнување на косата и заштита од кршење и оштетување. Кадравата коса е повеќе склона кон кршење од другите типови коса, па затоа е важно да започнете со квалитетна рутина.

2. Не штедете на производи за стилизирање

Најдобар начин да ги оставите вашите кадрици да се исушат без губење на волуменот е да користите производи за стилизирање по миењето на косата. Експертите препорачуваат да започнете со маска која ќе ја остави вашата коса хидрирана и мека, а потоа нанесете крема за дефинирање на виткање.

3. Внимавајте на состојките

Состојките што треба да ги користите за стајлинг се инфузии или комплекси од ориз и се што нема парабени и сулфати, пишува Mind Body Green.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi