Metallica за прв пат во живо ја отсвирија нивната епска песна

popara31 мај, 20241min00
1635412915-000_13I3T3-750x624

Металика оваа недела за прв пат на турнеја во Минхен, Германија ја изведоа својата епска песна „Inamorata“.

Траката, од албумот „72 Seasons“ од 2023 година, е претставена во сетот од 16 песни, известува Loudwire.

„Никогаш не сме ја свиреле оваа песна во живо“, им рече фронтменот Џејмс Хетфилд на публиката пред „Inamorata“ – која е 11 минути и 10 секунди на албумот.

Тој додаде:

„Во нашиот бенд не го препознаваме зборот „грешка“. Затоа што нема грешки – се случуваат само уникатни моменти, добро? Тоа треба да си го кажеме… Ова е еден од моите омилени моменти, во ред? Па ќе уживам во тоа“, рече тој.

Бендот ја отсвире и “Hit the Lights” од ‘Kill ‘Em All’, која беше поретка на последните турнеи, заедно со нивниот кавер на ‘Breadfan’ на Budgie, која ја свират во живо од ’80-тите, но – повторно – не толку често во последниве години.

Тековниот дел од светската турнеја M72 на Металика продолжува низ Европа до 14-ти јули, пред да започне уште една серија на северноамерикански шоуа на 2-ри август.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma