Како времеплов: Необична градба која и понатаму ги чува викиншките симболи

23 јануари, 20240
62721987-norveska

Мало, но вредно за внимание, селото Орнес во Норвешка со само 1.600 жители е идилично место на полуостровот фјорд со прекрасен поглед на околните планини. Мирно засолниште за планинари, рибари и велосипедисти, привлекува многу љубители на природата на норвешкиот запад.

Селото Орнес е најпознато по старата, дрвена црква која гордо стоела таму со векови. Археолошките истражувања покажуваат дека под денешната црква биле изградени уште три, кои биле изградени една врз друга, како што доаѓале и си оделе жителите.

Денешното руво на црквата може да се пофали со карактеристичен скандинавски стил за периодот од 11 и 12 век. Повеќето цркви со дрвени греди во Норвешка биле изградени по ерата на Викинзите. Гредите биле поставени на камени темели, а потоа се поврзувале со внатрешните дрвени столбови.

Црквата во Орнес е исклучително интересна бидејќи комбинира траги од келтската уметност, викиншката традиција и романескното влијание, а нејзината вредност е препознаена од УНЕСКО.

Црквата во Урнес не само што е ремек-дело на архитектурата, туку е и како временска машина во ерата на Викинзите, бидејќи украсните панели и елементите како плетен дел што ја прикажува борбата помеѓу лав и змија, откриваат нешто за нивната култура и традиции. Се смета дека црквата, или како што би рекле Норвежаните, Urnes stavkirke е најстарата зачувана дрвена црква која се наоѓа на првобитната локација, а се користела до 1881 година, кога веќе не била користена за религиозни цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma