
Иако се многу вкусни, тие имаат една мана – впиваат многу масло при пржењето. Но, и за ова постои решение – да се подготват во рерна. Вака приготвени, нема да впијат ни капка масло, а вкусот ќе биде подеднакво одличен како при подготовка на традиционален начин.
Состојки:
10 парчиња бајат леб
3 јајца
1 дл млеко
прстофат сол
прстофат шеќер
Подготовка:
Изматете ги јајцата со млекото и додадете сол и шеќер. Секоја кришка леб убаво натопете ја со смесата, па наредете ја во плех обложен со хартија за печење.
Ако лебот е потежок и постар, натопените тостови оставете ги пет минути на плехот, па ставете ги во рерна да се печат.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути или додека не поруменат.