Блескава микробранова печка за 5 минути: Трикот што ги чисти дури и најтврдокорните дамки

popara18 декември, 20251min00
Screenshot_28

Ви треба брз, лесен и евтин начин да ја исчистите вашата микробранова печка од мрснотиите?

Тогаш одговорот лежи во чудесниот лимон. Се што ви треба е половина лимон и 300 милилитри вода, а постапката е многу едноставна.

1. Во еден сад ставете ја водата и исцедете половина лимон и додадете го и самиот лимон. Убаво измешајте.

2. Потоа садот ставете го во микробрановата печка и пуштете ја на најсилно.

3. Наместете ја да работи 5-10 минути.

Откако ќе пројде времето, ќе забележите дека благодарение на пареата, мрснотијата од ѕидовите на микробрановата е стопена. Потоа, земете памучна крпа и целосно пребришете ја внатрешноста на микробрановата печка. Брзо, лесно и едноставно, веќе имате комплетно чиста микробранова печка, која притоа има и освежителен лимонов мирис.