
Полицијата во јужниот индиски град Бангалор ја спречи улична свирка на британската поп ѕвезда Ед Ширан, велејќи дека тој ги нема потребните дозволи, објави во понеделникот Би-Би-Си.
Видеото на кое се гледа како локален полицаец го исклучува микрофонот на Ширан на прометната улица во Бангалор, оттогаш стана вирална на социјалните мрежи.
Официјални лица изјавија за новинската агенција АНИ дека барањето на тимот на Ширан да свири на улица било одбиено за да се избегне метеж во областа.
Но, Ширан на Инстаграм рече дека „имале дозвола да свират“.
„Затоа, нашето свирење на таа локација беше однапред испланирано. Таму не се појавивме случајно. Но, се е во ред. Се гледаме вечерва на концертот“, додаде тој.
Инцидентот се случи пред неговиот настап на стадионот NICE Grounds во Бангалор како дел од Mathematics Tour на Ширан.
Фановите ја критикуваа полициската интервенција на интернет, при што еден рече: „Живееме во владеење на неизвесност. А шерифите не сакаат ништо повеќе од тоа да ги спречат младите да се забавуваат“, што се однесуваше на бројните нејасни правила на однесување на јавни места во Индија.
#Bangalore police stopped #EdSheeran from playing on church street even though they had permission. The cops literally pulled the plug on him. pic.twitter.com/MmTf4dZR6x
— Smriti Sharma (@SmritiSharma_) February 9, 2025
Сепак, ПЦ Мохан, локален пратеник на владејачката партија Бхаратија Џаната (БЈП), рече дека „дури и глобалните ѕвезди треба да се придржуваат до локалните правила – нема дозвола, нема настап!“.
Ширан е во Индија втора година по ред како дел од 15-дневна турнеја. Досега има настапувано во индиските градови Пуне, Хајдерабад и Ченаи, а закажани се дополнителни концерти во Шилонг на североистокот на земјата и во главниот град Делхи.
Побарувачката за концерти расте во Индија, а најголемата турнеја на Ширан во земјата доаѓа по неодамнешните настапи на Дуа Липа во Мумбаи и турнејата на Coldplay во повеќе градови.
Поради зголемениот расположлив приход, Индија е нова „концертна економија“.