
Кромидот е основа на речиси секој добар оброк, но многу луѓе плачат неконтролирано кога го сечат. За среќа, постојат трикови кои ќе ви помогнат да ги запрете солзите.
Овој зеленчук содржи ензими и сулфенска киселина. Според Healthline, кога го сечете, тие се комбинираат за да формираат син-пропанетиален S-оксид, кој се претвора во сулфурна киселина кога ќе дојде во контакт со заштитниот слој на вашите очи.
Затоа вашите очи почнуваат да солзат за да ја „исплакнат“ киселината. Готвачката Ерика Вајдс ги наведе начините за спречување на плачење додека сечете кромид.
Првиот е да користите многу остар нож. Колку е поостар ножот, толку помалку ќе плачете. Вториот начин е да користите правилна техника на сечење, што значи дека кога сечете кромид, треба да сечете напред, со лизгачко движење.
Треба да го туркате ножот целосно надолу и напред, наместо неговото сечило да оди директно низ кромидот. На овој начин спречувате оштетување на лушпата од кромид, а со тоа и ослободување на ензими и сулфенска киселина.