Лондон е прогласен за најдобра дестинација и во Европа, и во светот, додека на листата се најде и островот Крит во Грција. Кои се другите најдобри и најатрактивни дестинации за 2025-та, според Tripadvisor?
ripadvisor е онлајн платформа каде што можете да најдете предлози, како и рецензии за разни дестинации, хотели, ресторани и секакви информации поврзани со патување.
На почетокот од секоја година, тие објавуваат и листа со дестинации кои ќе бидат најпопуларни, а изборот го прават корисниците на платформата.
Во продолжение, најдобрите дестинации во светот за 2025-та:
- Лондон, Англија
- Бали, Индонезија
- Дубаи, Обединети Арапски Емирати
- Сицилија, Италија
- Париз, Франција
- Рим, Италија
- Ханој, Виетнам
- Маракеш, Мароко
- Крит, Грција
- Бангкок, Тајланд
- Барселона, Шпанија
- Лисабон, Португалија
- Истанбул, Турција
- Мајорка, Шпанија
- Единбург, Англија