
Сигурно не сте знаеле за што служи дупката на грицкалката за нокти. Еве каква интересна функција има!
Грицкалката за нокти е едноставна алатка која сите ја користиме, но ретко размислуваме за нејзините скриени способности. Иако главната цел на оваа алатка е да го олесни сечењето и обликувањето на ноктите, постои еден мал детал што многу луѓе не го забележуваат – дупката на крајот од држачот.
Повеќенаменски дизајн
Оваа мала дупка не е само декоративен или технички детал што се случил за време на производството. Нејзината практична примена е едноставно изненадувачка. Освен што може да поминете приврзок низ неа и да ја закачите грицкалката на вашите клучеви или чанта, таа може да послужи и како средство за дополнителна хигиена. Имено, дупката е идеална за чистење на пределот под ноктите и овозможува брзо и лесно отстранување на нечистотијата. Со едноставно вметнување на врвот на ноктот во дупката, можете ефикасно да ја исчистите насобраната нечистотија под ноктот, правејќи ја оваа алатка повеќенаменска.
Како правилно да користите грицкалка?
За најдобри резултати, козметичарите препорачуваат да ги исечете ноктите после туширање, кога веќе се омекнати и полесно се обликуваат. Важно е да користите остра и чиста алатка за нокти за да избегнете кршење на ноктите и можна инфекција.
Се препорачува кратење на ноктите еднаш неделно. Доволно е да ги скратите ноктите на нозете неколку пати месечно бидејќи растат побавно.
По средувањето, не заборавајте да нанесете хидратантна крема за да ја одржите еластичноста и здравјето на вашите нокти и кожа.