Еве како да се ослободите од жолтите дамки од белите маици

popara11 мај, 20251min00
Screenshot_10

На облеката што ја носиме се појавуваат различни дамки, а најтврдокорните се предизвикани од пот и дезодоранси. Тие дамки оставаат жолти траги кои тешко се отстрануваат од белата облека и оставаат непријатен мирис.

 

 

 

 

Керолин Форте, директорка на Лабораторијата за домашни апарати и производи за чистење од Good Housekeeping Институтот сподели методи за отстранување на дамки од пот од облеката.

 

Како да ги отстраните дамките од белите маички?

 

На дамките од пот со сунѓер нанесете оцет, а потоа течен детергент со ензими. Маичката ставете ја на перење на највисоката температура што облеката може да ја поднесе, а за посебно упорните дамки додадете средство за дамки.

 

Потопувањето на маичката во комбинација од детергент и вода пред перење исто така може да помогне во отстранувањето на жолтите дамки.

 

Како да ги отстраните дамките од маичка во боја?

 

Првин проверете ги ознаките на вашето парче облека. Работите на кои стои предупредување дека се само за хемиско чистење треба да ги однесете директно кај професионалци. За останатото може сами да се погрижите повторувајќи ја постапката како со белите мачки.

 

Првин ставете оцет, па потоа течен детергент со ензими и исперете на највисока температура.

 

Исто така, маичките може да ги закиснете во мешавина од детергент и вода половина час пред перењето во машина.