Луѓето кои имаат проблеми со спиењето веројатно испробале бројни трикови, но не и грицкање ананас. Корисниците на социјалните мрежи се колнат дека токму ова овошје им помага полесно да заспијат, а научниците велат дека има смисла.
Имено, ананасот спаѓа помеѓу намирниците кои природно можат да го зголемат нивото на мелатонин, хормон чие ниво расте навечер за да нѝ помогне полесно да заспиеме.
„Докажано е дека јадењето ананас или пиењето свеж сок од ананас пред спиење ги зголемува маркерите на мелатонин до 266 отсто. Ананасот содржи мала количина на аминокиселина наречена триптофан, која има смирувачки ефект“, вели експертот за спиење Макс Кирстен.
Овој експерт своите изјави ги темели на студија од 2013 година, која утврдила дека за оние кои имаат проблеми со спиењето се корисни и бананите, кои го зголемуваат нивото на мелатонин за 180 отсто.
Според „WebMD“, за добриот сон придонесуваат и црешите, гоџи бобинките, јајцата, масната риба, ф’стаците и бадемите.